За “Манекс”

reth_manex

„Манекс“ е современа фирма која нуди широк спектар на расветни тела за станбен и деловен простор со модерен и декоративен дизајн.

Нашата основна цел е во нашата земја да ги донесеме високо реномираните европски компании за производство на расветни тела, станувајќи нивни претставници. Во своето долгогодишно постоење од обични продавници прераснавме во салони кои изобилуваат со голем асортиман на расветни тела. Благодарение на јасно поставените деловни цели „Манекс“ континуирано и сигурно се развива и при тоа ги следи новите трендови и барања на пазарот.

За да го осветлите Вашиот дом и градина, или Вашиот деловен простор според своја желба и потреба, решението побарајте го кај нас, ние ќе Ви понудиме производи кои совршено одговараат на вашите потреби за осветлување.

Располагаме со расветни тела со добар квалитет и со пристапни цени, но и со најновите производи коишто ја имаат вградено во себе технологијата на иднината во светењето. Следејќи ги светските трендови ги заменуваме традиционалните светилки со жаречко влакно со новите Power led светилки. На нашите купувачи можеме да им овозможиме да се снабдат со модерно дизајнирани тела за осветлување на нивните кујни, дневни соби, трпезарии, детски соби и други простории во домот, но, исто така, и за надворешно осветлување. Со нашиот високопрофесионален тим за продажба се трудиме да им ги доближиме сите нови начини, солуции и решенија на потрошувачите, за да го направат својот дом многу попријатно место за живеење. Следејќи ги светските трендови и ние во понудата ги заменуваме традиционалните светилки со жаречко влакно со новите Power led светилки. Овие светски трендови ги следат и фирмите со кои соработуваме, а доаѓаат од повеќе европски земји, како што се Philips, Massive, Ozcan, Cazaluce, Vito, Effe glass, Ego итн. Во секое време се трудиме да им ги дадеме соодветните информации на нашите купувачи за да го одберат вистинскиот производ. За таа цел користиме стручно дизајнирани каталози, интернет страници од бизнис компаниите кои ќе им помогнат на купувачите да ги изразат своите сопствени стилови низ дизајнирањето на нивните домови со различни светилки, имајќи и индивидуален избор во креирањето на бојата и ефектот на светењето. Сите наши производи се со означен стандард, тие ги задоволуваат сите  стилови според ИСО стандардите.

Секогаш сме со јасна визија во работењето, следејќи ја културата на соработка и иновирање, се бориме креативно да размислуваме, а тоа ќе ги поттикне и мотивира вработените, најпрво меѓу себе да изградат тимска структура, а потоа и со купувачите и со бизнис партнерите. Тоа ќе им овозможи на нашите купувачи и бизнис партнери, вклучувајќи ги и архитектите, да ги следат иновациите и инвестициите во барањето нови начини на дизајнирање на просториите со расветни тела кои во себе ја имаат срцевината на лед револуцијата. За нашиот напредок и натамошен развој на работењето, остваруваме и прекугранична соработка. Секогаш будно ги следиме европските трендови и одредуваме „временски рамки“ и предизвикувачки „продолжени цени“, односно снижување на цените на затекнатите производи, кои им го отстапуваат местото на понови, високодизајнирани и поквалитетни расветни тела, со што се создава можност за нудење на нови производи колку што е можно побрзо.

Имаме производи за внатрешно и надворешно осветлување на станбени и деловни објекти. Ние сме високо квалификуван тим кој се состои од услужни лица (продавачи), електричари, монтажери, кои нудат беспрекорно осветлување, користејќи ги модерно дизајнираните расветни тела, кои во себе вклучуваат светилки според најновите технологии. Имаме обични светилки со познатото жаречко влакно, кои се големи потрошувачи на електрична енергија, потоа имаме и економични и Power led сијалици. Економичните сијалици се со мала потрошувачка на електрична енергија, нивниот однос на потрошувачка и светење во споредба со обичната сијалица е 5 : 1. Новите Power led сијалици трошат 10 пати помалку струја, а светат исто толку пати појако од обичната сијалица.

Работно време: 

Од Понеделник до Петок од  09:00 до 20:00h 

Сабота: 09:00 до 18:00h
Недела: НЕРАБОТЕН ДЕН